Во јуни годинава во земјава престојувале 126.415 туристи, од кои најголем дел биле туристи од Турција

Во јуни годинава во Македонија престојувале 126.415 туристи. Од нив, 20,1 отсто биле домашни, а 79,9 отсто биле странски туристи. Тие оствариле вкупно 243.157 ноќевања. Од вкупниот број на ноќевања, 26,7 отсто биле од домашните туристи, а 73,3 отсто од странските. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни биле туристи од Турција – 34.366 лица. Потоа следат Србија со 8.897, Германија со 8.011 и Холандија со 3.604 туристи.

Во првите шест месеци од годинава, вкупниот број на туристи се зголемил за 13,5 отсто во споредба со истиот период лани.

Кај домашните туристи има намалување од 2,5 отсто, додека кај странските туристи има зголемување од 19,7 проценти.

Зголемување од 8,5 отсто има и кај бројот на ноќевања во првите шест месеци споредено со истиот период во 2024 година.

Кај домашните туристи ноќевањата се намалени за 1,1 отсто, а кај странските има зголемување од 13,3 отсто.