Во предвечерието на денешниот празник Свети Стефан, синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување.
По тој повод се одржа процесија и свечен влез на моштите а на проповедта епископот Стојанов кажа дека вербата во човечноста е основана обединувањето и свети мошти ќе бидат донесени и во другите католички цркви во Македонија.