По дојавите за бомби во шест училишта во Кавадарци, евакуирана е и детската градинка во Марена, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на подрачното училиште.

Денес по пријава за поставена бомба во три основни и три средни училишта, евакуирани се учениците од ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и СОУ ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

Од СВР Велес веат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Заканите за бомби започнаа кон крајот на октомври, најпрвин во средни училишта во Скопје, а потоа и во основни. Имаше дојава за поставена бомба и во училиште во Крива Паланка. Ова е прв пат во Кавадарци да бидат упатени закани за поставени експлозивни направи во училишта.

Сторителот кој повеќе од еден месец ја вознемирува јавноста во земјава, се уште не е пронајден.