Превентивна акција за безбедно возење беше спроведена денеска во Кавадарци. Акцијата се реализираше од страна на членови на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (ОСБСП), во соработка со инспекторите за превенција од ОВР Кавадарци и служби за технички прегледи.
– Во општина Кавадарци ја спроведовме превентивната акција „Вози одговорно, патувај безбедно и ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш“.
Од страна на инспекторите за превенција беа запирани возила.
Во разговор со возачите, им делевме флаери со едукативна содржина и миризливи фрешови за во возило, за среќна нова година, информираа од ОСБСП.
Оттаму нагласија дека почитувањето на мерките за безбедност во сообраќајот е многу важно, особено сега, кога за празниците има поголема раздвиженост на населението.