Тие на улицата „11-ти Септември“ во Кичево, најнапред вербално, а потоа и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.
– Двајцата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот во ОВР – Кичево, Стефан Димоски.
Димоски додаде дека денес рано изутрина околу 2 часот во ОВР-Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на улица „11-Септември“ во Кичево, била истурена и запалена течност, но за среќа не настанал пожар.
ОВР-Кичево презема мерки за расчистување на случајот.
Портпаролот Димоски потсети дека вчера во ОВР-Кичево приведена е и лишена од слобода А.И.(49) од градот.Таа околу 13 часот на улица „11-ти Септември“ го нарушила јавниот ред и мир и со метален предмет ја нападнала Л.А.(34)од Кичево.