Проблемот на граѓаните на Кичево со честите напади од кучиња скитници не запира и само во текот на вчерашниот ден од кучиња скитници настрадале тројца жители од градот, две млади момчиња и еден постар жител.
-Вчера М. Г. (19) од Кичево во надлежната полициска станица пријавил дека на улица „Пиринска” во Кичево бил каснат од куче скитник. Во текот на истиот ден, регистрирани се уште два напади и тоа врз Д. А. (62) кој настарадал на улица „4-ти Јули” и Н. И. (23) кој настрадал на улица „Јанко Михајлоски”, рече портпаролот Стефан Димоски.
Тој наведе дека ОВР-Кичево поднело кривична пријава против В. Ј. (58) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување”.
-Пријавената В. Ј. во својство на управител на правно лице-извршител по основ на пресуда од Основен суд од Кичево, изготвила исправа налог за извршување кон должникот Г. Ш. од Кичево. По правосилно и извршно решение од Апелацискиот суд во Гостивар налогот за извршување бил ставен вон сила, нагласи Димоски.