Првата пратка за итна медицинска помош од Лекари без граници (МСФ) пристигна во Киев, се вели во соопштението на меѓународната хуманитарна организација.
Залихите вклучуваат комплети за хирургија, комплети за траума, лекови за хронични болести и комплети за масовни жртви. Тие ќе бидат донирани на локалните болници во градот и во другите градови понатаму на исток во Украина.
„Беше неопходно ова да се направи брзо“, рече Кристофер Стоукс, координатор за итни случаи на Лекари без граници во Украина, според соопштението.
„Овде можеби сме во трка со времето – немаме сигурност колку долго ќе остане возможен пристапот до Киев. Избравме да одиме со опцијата за воз поради брзината и големиот капацитет“, додаде тој.