Најбогатиот човек на светот, кој беше избран за личност на годината во 2021 година во анкета на списанието „Тајм“, во Кина е познат по електричните возила „Тесла“, но активностите на неговата компанија за вселенски истражувања SpaceX предизвикаа критики на социјалните мрежи.
Според документот кој Пекинг го испратил до Канцеларијата на ОН за вселенски прашања во Виена во декември, кинеската вселенска станица Тиангонг морала да маневрира двапати во јули и октомври за да избегне „средба“ со леталата на СпејсИкс.
Пекинг информира дека неговата вселенска агенција морала да реагира за да се осигура безбедноста на самите астронаути.
Од СпејсИкс досега не реагираа на тие информации, што не им се допадна на корисниците на социјалните мрежи во Кина.