Јуан, кој е познат под прекарот „Татко на хибридниот ориз“, почина во болница во градот Чангша на југот на Кина.

Вкупно една петтина од целата количина ориз ширум светот доаѓа од сорти создадени благодарение на хибридниот ориз по откритијата на Хуан.

Бројни граѓани се собраа пред болницата каде што почина за да му оддадат почит, јавија локалните медиуми.

Хуан направи клучни откритија во истражувањето на оризот што го направија славен во 1970-тите години.

Тој разви хибриден вид ориз чиј годишен принос беше 20 проценти поголем од постојните сорти, што значеше храна за дополнителни 70 милиони луѓе.

Неговата работа придонесе за трансформација на Кина од земја каде што нема доволно храна за само три децении, во прехранбено безбедна земја.

Во 2004 година ја доби Светската награда за храна.

Јуан и неговиот тим соработуваа со десетици земји ширум светот за решавање на прашањата за безбедноста на храната и неисхранетоста.

Тој се занимавал со истражување и во неговите подоцнежни години. Пред четири години придонел за создавање на нискокадмиумски соеви на ориз за областите погодени од загадување со тешки метали, намалувајќи ја количината на кадмиум во оризот за повеќе од 90 проценти.