-Ова е најголемата заплена на кокаин годинава, изјави за медиумите министерот за одбрана Диего Молано.
Дрогата е пронајдена во две лаборатории на Ослободителната национална армија (ЕЛН) во село во департманот Нарино, што се граничи со Еквадор, а е запленета во заедничка акција на армијата, полицијата и авијацијата.
-Десет тони значат повеќе од 300 милиони долари што може да ги заработи ELM, групата што ги контролираше тие две лаборатории, рече Молано.
Обвинителството наведува дека дрогата била складирана и чекала да биде испратена во Централна Америка, една од најчесто користените рути за илегалната трговија со дрога кон САД, главниот светски потрошувач на колумбиски кокаин.
И покрај полувековната војна против шверцот со дрога и отворената поддршка од САД во оваа борба, Колумбија и натаму е главниот светски производител на кокаин.