Во критична состојба е еден од повредените во дискотеката „Пулс“ којшто се лекува во странство. Вкупно седуммина се лекуваат надвор од државата, петмина се хоспитализирани во Македонија. По евалуацијата на повредите на пациентите, тимот од седуммина лекари специјалисти од скопските клиники заклучиле дека има напредок кај повредените, засега рехабилитацијата продолжува во земјава.
Почнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите од трагедијата во „Пулс“
Од понеделник ќе стигнат силиконските ракавици кои им се потребни на повредените, а се обезбедени преку донации, тоа не затоа што државата нема увид или не сака да ги обезбеди, вели директорот на ФЗОМ, објаснува дека донациите се пофлексибилни и побрзи, дел од овие работи не се регистрирани кај нас и нема брз начин да стигнат во земјава.
Од Црвен крст велат наскоро ќе ги добијат финалните резултати во каква состојба се повредените и ќе се распределат парите. Од вкупно собраните 107 милиони денари, на нивна сметка имаат уште 49 милиони.
Од Службата за општи и заеднички работи ги демантираа објавите на социјалните мрежи дека имало пропусти од надлежните во однос на подмирување на трошоците на семејствата на пациентите.
116 пациенти беа испратени на лекување во странство. 71 се лекува во Македонија.
Извор: МРТ