Вчера во 14,00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа во с.Кучково бил пронајден починат Т.Р.(60) од с. Кучково.
Од лекар од итна медицинска помош е констатирна смрт без траги на насилство, а телото било во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.