Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93 986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК од досега обработените над 95 проценти до седумнаесет часот, излезноста била 41,71 проценти.

Во општината Старо Нагоричане, право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места. Гласањето се спроведува непречено, информираше претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. Според податоците на ДИК од обработените над 99 проценти, излезноста до 17 часот била 48,96 отсто.