На 30.06.2021 година во 11.30 часот било пријавено дека настанал пожар во приколка прикачена на трактор кој бил во движење во атар на село Никуљане кај м.в. „Шуме”, Општина Старо Нагоричане, кој зафатил нива во близина на патот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица – Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.