Капушевски, Јахоски, Ковачевски и Муча опфатени во новата истрага на МВР и ЈО. Ова се дел од имињата кои нелегално набавувале деривати.
МВР и Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.
Според неофицијални информации на 24инфо приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ. Според истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Ерџaн Сулковски, како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.
Приведен Асмир Јахоски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол
Сепак покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.
Медиумот 24инфо пренесува дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Ардијан Муча. Освен нив, опфатени се и други лица вработени во АД ЕСМ. Доказ дека во Македонија нелегално се набавувале деривати е опфатот на фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.
Засега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка.
Истовремено, најмалку едно од лицата од денешната истрага е опфатено и во предметот „Адитив“ и истото се наоѓа во затворски притвор од претходно.