Не постои евиденција во Македонија каде се бележи дали и колку често функционерите, директорите, министрите и градоначалниците добиваат подароци и во која вредност. Колку се дарува не знае ни вицепремиерката за добро владеење и управување, Славица Грковска, според која испреплетеноста на бизнисот и политиката може да доведе до влијанија при носење на политички одлуки, пренесува Expres.mk.

-Немам таква информација. До сега до нас не стигнала таква информација, ако има од работодавачите, меѓутоа, кај нас не стигнала таква информација. Заради тоа и се бара прецизно регулирање на политиките, заради тоа што, во принцип, етичкот кодекс е декларативно укажување.“ – одговори Грковска на новинарско прашање дали има сознание колку се највисоките подароци и дали некој функционер пријавил.
Инаку, етичкиот кодекс предвидува строги ограничувања,

За вршителите на највисоки извршни функции, лимитот за странски протоколарни подароци е 50 евра, а 20 евра за домашни подароци. На стручните и административните службеници им е дозволено да примаат само протоколарни и повремени подароци со мала вредност до 16 евра