Лани во Македонија се родиле 16.737 бебиња, што е за околу 7.000 деца помалку во споредба со бројот на новороденчниња во 2014 година – 23.596, велат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Бројките покажуваат дека од 2014 година бројката на новороденчиња во Македонија постојано опаѓа. Во 2016 година таа бројка била 23.002, во 2018 – 21.333 деца, а во во 2020 биле родени 19.033 деца. Најголемиот пад е забележан во текот на минатата година, кога во споредба со 2022 година бројот на новороденчињата се намалил за 1.336 деца.

Најголем дел од новороденчињата се родени во Скопје, каде лани се родиле 5.665 деца. Најмногу се родиле во скопската општина Чаир – 888 деца, по што следува Аеродром со 666 деца и Гази Баба со 663 новороденчиња.

Во Куманово се родиле со 930 деца, во Тетово со 871, Битола со 688 новороденчиња, Прилеп со 519 деца, Струга со 485 деца…

Податоците на ДЗС покажуваат дека намалена е бројката на мртвородени дечиња – во 2014 година имало 171 мртвородени бебиња, а лани 122.