На 8 октомври, во просториите на Македонската опера и балет, ќе се одржи пригодна свеченост по повод промоцијата на 14-тата генерација дипломци и 12-тата генерација магистри на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На свеченоста, која ќе започне во 19.00 часот, своето присуство го потврдија претставници на дипломатскиот кор во Македонија, ректори на универзитети од Македонија и од странство, претставници на државни институции, градоначалници и директори на средни училишта, како и многу други пријатели и соработници на Универзитетот.
Со интересна и богата културна програма, на новите дипломци и магистри ќе им бидат доделени заслужените дипломи. Пригодно обраќање до гостите ќе има ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги поканува своите дипломци, магистри, нивните родители, своите пријатели и соработници заедно да го прослават овој голем успех!