Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 6,8%, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

На годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6,6%, поради зголемено кредитирање кај двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.