Во МНР е отворена книга на жалост. Отворена e и телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите. Кризниот штаб го координира испраќањето на повредените во странство. Шефот на дипломатијата Муцунски информираше за активностите со нашите партнерски земји за преземање на загрозените.
Се огласи и премиерот Христијан Мицкоски.
Секој објект кој што нема да поседува соодветна лиценца според него, ќе биде затворен. Нема да има милост за никој, нека биде од било која политичка партија
Мицкоски најави и нова координација во владата. Попладнево, прес-конференција одржа и претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Во видеото погледнете го целиот извештај.