Алијансата за Албанците, крилото на Зијадин Села, ја напушти коалицијата „Национална алијанса за интеграција“. Одлуката која беше донесена на состанокот на Претседателството, каде што се дискутираше и за резултатите на локалните избори, го отвори прашањето за евентуален влез на АА на Села во Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во овој момент нема такво размислување.

-Како Влада имаме историски високо мнозинство во парламентот, двотретинско, и во овој момент нема такво размислување, наглси Мицкоски.