Петмина хулигани, навивачи на босанско-херцеговските фудбалски прволигашки екипи Вележ и Железничар, се повредени, од кои двајца потешко и се задржани во болница, во пресметка на двете групи во Мостар.
Инцидентот, како што потврди локалната полиција, се случил во центарот на Мостар пред одигрувањето на вчерашниот првенствен натпревар меѓу домашниот Вележ и сараевски Железничар.
Полицијата брзо интервенирала и спречила поголема ескалација на инцидентот.
Во пресметката меѓу навивачката група „Црвена Армија“ од Мостар и „Манијаци“ од Сараево повредени се пет лица, а двајца се хоспитализирани со тешки повреди на главите и рацете, но се вон животна опасност.