Шпанија доминираше на почетокот на натпреварот и не им дозволи на хрватските фудбалери да градат акција од одбранбените редови.
„Фурија“ во неколку наврати имаше шанси, но прво Коке, а потоа и Мората промашија од непосредна близина. Судијата можеше да покаже и на белата точка, имајќи предвид дека по ударот на Мората со главата, топката го удри Вида во раката.
Казната стигна само неколку минути подоцна кога Педри му ја врати топката на Симон од голема далечина. Чуварот на мрежата Билбао реагираше несмасно, па бевме сведоци на најбизарниот автогол во историјата на Европските шампионати.
Фудбалерите на Шпанија изгледаа збунето, но Хрватска не успеа да го искористи тоа. Израмнувањето дојде во 38-та минута кога по општа конфузија во хрватскиот шеснаесетник, топката стигна до Сараби, кој ја заби топката во мрежата што ја чуваше Ливаковиќ.
Со тој резултат, се отиде на полувреме.
Шпанците продолжија во ист ритам и во продолжението на мечот, а наградата пристигна само 11 минути подоцна.Феран Торес брилијантно проигра до Цезар Аспиликуета, кој го постигна својот деби гол во репрезентативниот дрес.
Асистентот се претворив во главен протагонист 20 минути подоцна. Торес ја прими топката од страна и лесно се ослободи од својот чувар, по што остана 1 на 1 со Ливаковиќ.
Рутинскиот фудбалер на Манчестер Сити ја реши таа ситуација со гол низ нозете на хрватскиот голман.
Се очекуваше дека натпреварот е решен, но Мислав Орчиќ не мислеше така. По целосниот хаос пред шпанскиот гол, Оршиќ испрати удар петерецот што беше одбиен. Сепак ВАР покажа дека топката ја мина границата за 3: 2.
Хрватскиот селектор ризикуваше, промените беа крајно напаѓачки. Наградата за храброст ја добија во 92-та минута, кога Марио Пашалиќ израмни со глава и донесе продолжение.
Како што промената и влегувањето на Орчиќ и донесе на Хрватска продолженија, така влезот на Олмо им донесе свежина на Шпанците.
Поранешниот играч на Динамо Загреб најпрво му асистираше на Морати во 100-та минута, а потоа неколку минути подоцна и на Ојарзабал кој ја потврди победата.
Хрватска немаше сили за ново враќање, па натпреварот заврши во првото продолжение.