.Стартните пакети за трката учесничките ќе можат лично да ги подигнат во петок и сабота, на 3-ти и 4-ти септември, во период од 12:00 до 19:00 часот пред А1 куглана во СЦ „Борис Трајковски“. Согласно новите препораки и правила, учесничките над 18 години, при подигнувањето на стартните пакети задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една дозавакцина или потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена. Стартот и целта на трката ќе бидат во Градски парк, на крајот на вториот дел, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, во близина на памп трак полигонот, а трката ќе започне во 9:00 часот.
Учесничките ќе трчаат 3 километри, со што по завршувањето на трката ќе се прогласат најдобрите натпреварувачки во 7 возрасни категории. По прогласувањето ќе се одржи лотарија со извлекување на најсреќните стартни броеви од сите учеснички и истите ќе бидат наградени со подароци обезбедни од партнерите на трката.
Во текот на целиот настан задолжително ќе биде одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете. Правилата за заштита од корона вирусот се задолжителни при подигањето на стартните патеки, пред стартот на трката и по завршување на трката.
Сојузот на Спортови на Скопје и Град Скопје повикуваат учесниците и присутните максимално да ги почитуваат протоколите и правилата, како и да уживаат во деветтата Авицена Женска трка.