Поради уличната трака насловена „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Општина Центар, од 8:30 до 10:30 часот.
– Натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, во Скопје. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.