Во неготинско е пронајдена малолетничка од Кочани, откако по пријава на нејзината мајка, полицијата ја бараше. За ова попладнево информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
-На 31 август во село Тимјаник, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ја пронашле Т.П.(17) од Кочани, за која на 24.02.2021 нејзината мајка пријавила дека се оддалечила од домот. Т.П. била предадена на нејзиното семејството, појасни Додевски.