Во обвинителство,,исчезнала” дрога вредна 12 милини евра.

Ова го тврди обвинителот од вишото јавно обвинителство од Скопје Мустафа Хајрулахи кој наведува случај кој бил професионално подготвен од надлежен обвинител но на мистериозен начин исчезнал од радарот на јавноста.

Хајрулахи открива дека се работи за заплена на марихуана тешка 1200 килограми која била запленета во Прилепско.

Откако јавен обвинител во Прилеп професионално го процесирал случајот во кој е инволвирана група блиска на една моќна македонска фамилија државното обвинителство случајот го предава во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води Ислам Бази близок до ДУИ.

Од тогаш на марихуаната и се губи секаков траг а јавноста нема никаква информација за случајот.

Вредноста на запленетата марихуана тешка 1 тон и 200 килограми има улична вредност од околу 12 милиони евра затоа што цената за грам канабис во Скопје и Охрид е околу 10 евра иако знае да биде и повисока.

Хајрулахи ова го изјави вчера во емисијата Летна Политика на Радио Лидер со Љупчо Златев.

Јавното обвинителство денеска до 15 часот нема никаква реакција за овој скандал.

Што друго откри Хајрулахи во емисијата на овој ЛИНК