Четири починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г).

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Во однос на 33 годишното починато лице од Охрид, надлежните тврдат дека било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831, бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.