Oпштина Илинден интензивно работи на санирање и подобрување на постоечката локална патна инфраструктура. Во тек е санација на улица „19“, како и дел од улица „9“ во населба Илинден, четири делови од улица „500“ во Марино, улицата „6“ во Кадино, како и паркинг просторот пред црквата „Свети Илија“, во Кадино, информираат од општина Илинден.

Од таму посочуваат како насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот на повеќе локации во општината во тек е обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

– Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период, додаваат од општината.