Аеродром е прва општина која во основните училишта го имплементира спортот текбол. Имплементацијата e резултат на соработката помеѓу Општина Аеродром и Меѓународната текбол федерација, а која се реализира со поддршка од Македонскиот олимписки комитет.
Во рамки на оваа соработка градоначалникот Тимчо Муцунски денес прими донација за општината Аеродром која вклучува 40 текбол табли и 80 топки. Освен донацијата, соработката вклучува стручна поддршка за оспособување на наставниците од основните училишта кои понатаму ќе треба да ги воведат и водат учениците во овој спорт. Покрај ова, деновиве Општина Аеродром, во спортскиот центар „Јане Сандански“ е домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол кои ќе се одржат следната година во Полска.
Се радувам што токму Аеродром е домаќини на еден ваков настан, но и пионер во воведување на една нова спортска дисциплина. Силно верувам дека токму од училиштата во Аеродром ќе излезат идните локални, национални и меѓународни текбол таленти“, истакна градоначалникот Муцунски и упати благодарност до Меѓународната текбол федерација за реализацијата на денешната донација, но и за меѓусебната соработка и поддршка.
Што е текбол?
Текбол е спорт базиран на фудбал и тенис, кој се игра на специјално закривена маса (табла Тек), кој привлекува нова генерација спортисти и аматери ентузијасти (текери), чија амбиција е да ги развијат своите технички вештини, концентрација и издржливост.
Спортот, кој беше создаден во Унгарија во 2012 година, е навистина родова рамноправна игра, бидејќи правилата дефинираат дека текболот ќе се игра помеѓу двајца (сингл) или четворица играчи (двојки), без разлика на полот.
Спортот следи формат на бодување заснован на поени и може да се игра на различни површини како песок, акрилик или во затворени простории.
Текболотl им овозможува на играчите максимум три допири пред да ја вратат топката на противникот, па ако можете да жонглирате со фудбал три пати, ќе се истакнувате и во текбол. Текбол е најчистата употреба на фудбалот, со правилото да не е дозволен физички контакт помеѓу играчите или помеѓу играчите и масата, помагајќи да се елиминира ризикот од повреди од удар.