Во корона кризата, многу Германци купија домашни миленици. Причината е што епидемиолошките мерки на затворање ги врзуваа да бидат дома, а забраните за летови ги спречуваа да патуваат.
Според Федералното биро за статистика, рекордни приходи се собрани од сопствениците на кучиња во првата година од пандемијата.
Данокот е од 5 до 200 евра
Речиси насекаде во Германија, сопствениците на кучиња треба да плаќаат годишен данок, кој може да се движи од пет евра до речиси 200 евра, во зависност од тоа каде живеат, пишува Индекс. Во Берлин, на пример, тоа е 120 евра за едно куче годишно, и 180 за секое дополнително куче.
Националната каса е побогата за околу 380 милиони евра од данокот за кучиња во 2020 година, според неодамна објавените податоци. За градовите и општините, тоа значеше зголемување за 2,7 проценти во споредба со претходната година.
Во 2019 година, приходот од данок на кучиња изнесува 370 милиони евра.
Трендот продолжи и во 2021 година. Во првиот квартал од 2021 година, приходот од данок на кучиња изнесува околу 159 милиони евра, 8,4 проценти повеќе отколку во истиот квартал минатата година.