Пакистан денеска ја почна својата втора национална кампања против полио вирусот во обид да се вакцинираат 44 милиони деца на возраст под пет години за да се искорени детската парализа.

Привремениот премиер Анварул ул Хак Какар почна петдневна кампања за вакцинација и во телевизиско обраќање ги повика родителите да соработуваат со 350.000 здравствени работници кои одат од врата до врата и даваат вакцини на децата.

Кампањата се одвива под силно обезбедување. Владата ги ангажираше полицајците и безбедносните сили за да ја осигура безбедноста на работниците кои вршат вакцинација.

Здравствените работници и полицијата задолжена за нивна заштита беа нападнати за време на претходните кампањи против детска парализа, за кои екстремистите лажно тврдеа дека се заговор на Запад за стерилизирање деца.

Пакистан и соседниот Авганистан се единствените две земји во светот каде детската парализа продолжува да го загрозува здравјето и благосостојбата на децата.