Сите училишта во Пекинг од утре ќе бидат затворени како дел од новите рестриктивни мерки за спречување на ширење на Ковид-19.
Кинескиот главен град со 21 милион жители спроведува три рунди масовно тестирање оваа недела. Градскиот секретаријат за образование нареди затворање на сите училишта од утре, без да наведе кога ќе продолжи наставата.
Во Пекинг денеска беа пријави 50 нови случаи на коронавирус, од кои два се асимптоматски. Учениците сочинуваат 30 проценти од сите нови инфекции. На жителите од две населби им е наредено да останат дома за да се спречи ширење на заразата.
Пекинг воведува ограничувања побрзо од многу други кинески градови, и покрај фактот што бројот на нови случаи останува низок.