На планината Караорман во полициска акција фатени се 12 дрвокрадци, осум албански и четворица македонски државјани и запленети се околу 30 метри кубни огревно дрво.

СВР Охрид денеска соопшти дека по преземени координирани мерки од полициски службеници од Единцата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумската полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“ во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда лишени биле од слобода 12 лица на возраст од 23 до 49 години.

– Лицата се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на самото место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата, додаде, се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.