По тој повод, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во понеделник, на 13 септември, на Железничката станица Скопје во 22 часот ќе пристигне Европскиот воз со кој се претставува железницата како еден од најодржливите, најбезбедните и иновативни начини на транспорт.
На настанот најавени се обраќања на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и евроамбасадорот Дејвид Гир.