Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово веднаш се упатиле на местото со две противпожарни возила, при што гаснењето на огнот траело нешто повеќе од три часа.

– Во Територијалната противпожарна единица во 4 часот и 8 минути беше пријавено дека има пожар на стариот пат од Тетово кон Желино. Од наша страна веднаш е излезено на лице место и беше утврдено дека гори ресторан. Имаше и плински боци кои претставуваа опасност. Интервениравме и пожарот беше локализиран во 7 часот и 20 минути. Повредени нема, а причинета е голема материјална штета, информира Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Инаку тетовските пожарникари секојдневно имаат интервенции. Вчера гаснеле два пожари, првиот на електричен столб во Џепчиште и вториот на отворено во близина на тетовско Теќе.