Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Македонија изминатото лето.
Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.