Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.
Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата.
Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите.
Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.
