Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средствата се исплатени по Мерката 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постојни лозови насади.

– Се потврдуваат посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство – се вели во соопштението.