Во Прилеп денеска ќе биде поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. За останатите три автопатски делници на Коридорот 8 свеченоста се одржа минатиот месец.
Во собраниската Комисија за европски прашања вчера почна расправата за измените на петте закони поврзани со изградбата на коридорите, што ги предложи Владата по скратена постапка со европско знаменце, со образложение дека со нив ќе се олеснат процедурите за поевтина и побрза изградба.
Означувањето на законите со европско знаменце и натаму е предмет на дебата во јавноста, а опозициските пратеници критикуваат дека со тие закони не се врши усогласување со европската легислатива.