Освен скулптурите во дрво, се изложени и фотографии на дел од изработените скулптури. Најмногу од скулптурите се поставени во институции низ државава.
Јана Јанеска Ристески, историчар по уметност од Центарот за современа ликовна уметност нагласи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.
– Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации, рече Јана Јанеска Ристески.
Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп, во континуитет секоја година, прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки. Богатството кое Прилеп го добива преку ликовните изрази е наследство кое останува за идните генерации.