За споредба, од 25 до 31 октомври, беа регистрирани 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7% во однос на периодот од 18 до 24 октомври.Во текот на мината недела се пријавени 49 реинфекции, со зголемување од 28,9% во однос на претходната недела.
Од 1 до 7 ноември тестирани се 22.100 материјали, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 11,9% до 18,6%, просечно 15,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.449; 41,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 431,9/100.000 и Крива Паланка 347,8/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (850, 24,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (125; 3,6%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години, 33,0% повеќе во однос на претходната недела.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.934 (55,2%) лица од женски и 1.570 (44,8%) од машки пол.
Пријавени се 79 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (31). Најголем број (67; 84,8%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (3), 30-39 години (3) и од 10-19 години (1 лице).
Во земјава активни се 7.859 болни од кои половината во Скопје, информираат надлежните.