Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Управата за финансиска полиција ја спроведе со обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.