„Хајнекен“ е најниот голем бренд што ги прекинува операциите во Русија.
Холандскиот производител на пиво соопшти дека ја запира продажбата, производството, како и рекламирањето на „Хајнекен“ во таа држава.
Во денешното соопштение се наведува дека „ги проценува стратешките опции за иднината на нашите руски операции“.
„Гледаме јасна разлика, меѓу постапките на Владата и на нашите вработени во Русија. Повеќе од 20 години, нашите локални вработени се ценети членови на нашиот бизнис. Поддршката на нашите вработени и нивните семејства, е јасен принцип, додека го дефинираме патот напред“, пишува во соопштението.
„Хајнекен“ информираше и дека ќе ги засили поддршката и донациите за невладини организации, што оперираат во Полска, Унгарија, Романија, Словачка.
Претходно, Мекдоналдс и Старбакс соопштија дека ги затвораат нивните ресторани и кафулиња во Русија, а Кока-Кола, исто така, ги одложува операциите во земјата, како одговор на руската инвазија врз Украина. ПепсиКо повлекува дел од производите од Русија.