Според шерифот во округот Пауел, мечката залутала во областа и се движела околу логорот, а нападот се случил меѓу 4:00 и 5:00 часот вчера наутро по локално време.

– Мечката се појавила близу луѓето пред овој фатален напад, потоа се оддлечила, па повторно се вратила, објасни шерифот Гавин Розелс.

Стручни лица трагаат по мечката. Идентитетот на жртвата засега не е објавен, а околностите на нападот сѐ уште се испитуваат.