За 72 часа, колку што траеја празниците, во САД беа убиени 189 лица, додека други 516 биле ранети во вкупно 540 вооружени инциденти регистрирани на територијата на земјата.

Иако бројките се шокантни, голем број американски држави веќе подолго време се соочуваат со зголемено насилство, па многу експерти со месеци предупредуваат на можно „крваво лето“.

Во Џорџија, гувернерот Брајан Кемп, по серијата убиства и ранувања на улиците испрати единици на Националната гарда.

– Само во Њујорк во посочените 72 часа има 26 загинати лица во 21 инцидент, што е минимално намалување во споредба со минатата година, кога за време на прославата на 4 јули беа убиени 30 лица, соопшти њујоршката полиција.

Бројот на инциденти во кои се користело огнено оружје во Њујорк е речиси двојно поголем од 2020 година и полека се враќа на нивото пред Руди Џулијани да дојде на чело на градот.

Во Чикаго, кој се соочува со слични проблеми, убиени беа 14 лица, а имаше и 69 ранети.