Во вторникот во Салцбург бил воспоставен пункт за вакцинација во еден авион што предизвикал граѓаните да дојдат и да се вакцинираат.
Власта на градот Салцбург изнајмила авион од компанијата „Јуровингс“ во кој граѓаните може да примат прва, втора или трета доза.
При „чекирањето“ лицата биле „проверени“ од работниците на „Црвениот крст“, а потоа ја поминале безбедносната контрола, а имале можност да ја посетат и пилотската кабина на авионот.
Раководството на аеродромот во Салцбург е презадоволно од оваа акција, бидејќи во првите неколку часа дошле да се вакцинираат над 100 лица.
– Бев изненадена што дојдоа толку многу луѓе уште пред да ја започнеме акцијата. Ми беше драго што успеавме да ја организираме оваа акција со Јуровингс, Црвениот крст и провинцијата Салцбург – изјави директорката на аеродромот Бетина Гангхофер.