Во Сарај денеска ќе биде отворена нова Поликлиника. На настанот се најавени обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, на првиот заменик на Претседателот на Владата Артан Груби и на министерот за здравство Фатмир Меџити.
Горд сум што изминатиов период направиме сериозно зајакнување на јавното здравство преку инвестирање во инфраструктурата, набавка на нова медицинска опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал како една од најважните карика во здравствениот систем, напиша Меџити на неговиот Фејсбук-профил.