Во Шангај од последици од Ковид-19 починаа три лица. Тоа се први жртви откако Шангај е во карантин од крајот на март, соопштија локалните здравствени власти.

Починатите биле на возраст од 89 до 91 година, не биле вакцинирани и имале коморбидитети.

Во Шангај изминатите 24 часа регистрирани се 22.248 заразени со Ковид-19.