Според албанските медиуми, кои се повикуваат на шпанската полиција организацијата одгледувала, продавала и извезувала наркотици во Шпанија и други европските земји, пред сè Белгија и Германија.
Во акцијата под кодно име „Албакос“ биле уапсени вкупно 33 лица, повеќето Албанци, запленета е дрога и пари.
Од 33 уапсени, 21 од нив се во притвор, а на другите им се одредени други безбедносни мерки.